Правосмукалка Artos

22.120 ден со ддв

Најновиот модел од SPRiNTUS – правосмукалката Artos за влажно и суво чистење со капацитет од 30 литри – импресионира со својот висок квалитет и одличен однос цена/перформанси. Иновативни карактеристики, како што е циклонскиот систем за разделување на вода со сигурен пловечен систем, го издвојуваат Artos од останатите модели во основната класа на правосмукалки за влажно и суво чистење.

Категорија
Опис

Широкото подвозје и долгото меѓуоскино растојание ја прават Artos исклучително агилна машина, која лесно се управува на површината што се чисти. Млазницата за под од 360 мм, вклучена во основната конфигурација, е многу практична и може лесно да се трансформира од млазница за влажно во млазница за суво чистење со едноставно заменување на гумените со четкани ленти.

Висококвалитетни компоненти, како што се силниот сад од нерѓосувачки челик и моторот од 1200 вати, го прават Artos издржлив и сигурен партнер во професионалното чистење.

Технички Карактеристики
Напон220-240 V / 50 Hz
Сила моторот1200 W
Ниво на бучава72 dB
Макс. проток на воздух48 l/s
Вакум-вшмукување230 mbar
Материјал на резервоарНерѓосувачки челик
Резервоар за нечиста вода30 l
Кабел за напојување-должина7,5 m
Нето тежина ( само машина )8,9 kg
Димензии (WxDxH)420 x 380 x 630 mm
БрендSprintus