Машини за перење под висок притисок
Kranzle
Kranzle се професионални, индустриски машини за перење под висок притисок со ладна или топла вода, произведени во Германија.
Наменети се за перење на секаков вид на површини, подлоги, опрема , машини, возила, производни погони, и се друго што треба да се чисти со вода и висок притисок.
Нашиот каталог на производи нуди широк спектар на различни машини, опрема и производи за чистење. Меѓу категориите на производи има машини за перење под висок притисок, машини за чистење подови, машини за перење теписи, машини за хемиско чистење, професионални и индустриски правосмукалки, како и голем број на професионална опрема и производи за чистење. Можеме со сигурност да кажеме дека имаме најдобар сооднос цена-квалитет кога станува збор за индустријата за чистење.
Машина за перење под висок притисок HD 7-122 TS
58.750 ден со ддвМашина за перење под висок притисок K 2160 TS
82.600 ден со ддвМашина за перење под висок притисок K 2175 TS
85.500 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Quadro 799TST
123.200 ден со ддвМашина за перење под висок притисок K1050P
36.500 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Therm CA 12 – 150
266.300 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Therm CA 11 – 130
266.300 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Therm C 15 – 150
291.323 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Therm 1017
293.000 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Therm 895-1
389.000 ден со ддвМашина за перење под висок притисок WSC-RP 1000 TS
229.500 ден со ддвМашина за перење под висок притисок WS-RP1000 TS
187.500 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Profi-Jet B20/200
284.400 ден со ддвМашина за перење под висок притисок Profi-Jet B10/200
186.400 ден со ддвМашина за перење под висок притисок B240T
293.500 ден со ддвОдлики
Пумпата е направена од специјален месинг
Пумпите на машините на KRANZLE кои се произведуваат во Германија, се направени од специјано искован месинг со што се обезбедува подолг животен век на машините.
Спороодни мотори
Уредите, со исклучок на моделите : 1151, 10/120 се опремени со спороодни, тихи и долготрајни, 4-полни електромотори (1400 о/мин).
Клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој
Сите уреди поседуваат клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој. Добрите карактеристики на клиповите од нерѓосувачки челик (добра топлинска проводливост) се спојуваат со позитивните карактеристики на слојот од керамика (површина која е отпортна на оштетувања). Со тоа се овозможува зголемување на векот на траење на уредите.
Сигурност при работа на пумпата на суво
Сите уреди се опремени со платнена манжетна и клип со тефлонско-графитни предни прстени( челни). Одличните карактеристики на лизгање на тефлон-графитот го намалуваат триењето и а со тоа и температурата на уредот. На тој начин машината може да работи подолго време без вода а да не се оштети.
Бајпас режим на работа
Сите уреди при затворање на пиштолот преминуваат на бајпас режим на работа со намален притисок. Водата со остатокот на притисок од 10 бара се пумпа во кружниот ток. Кај уредите со додатна ознака ТС ( Тотал-Стоп ) во тој случај автоматски им се исклучува моторот. Пумпата и погонот се ослободуваат со што се продолжува векот на траење на самата машина, а со тоа штедите и електрична енергија.
Континуирано регулирање на притисокот и количината
Кај сите уреди освен кај дуплиот агрегат постои можност за точно подесување на работниот притисок и со тоа и количината на вода врз основа на типот на предметот или подлогата што се чисти.