Машина за чистење подови RA 55 K 40
Оваа компактна машина за миење и сушење со напојување на струја е одличен избор за континуирана работа на мали и средни површини. Благодарение на нејзиниот дизајн со една оска и ергономската рачка за управување, лесно се маневрира дури и во најтесните простори.
Големите тркала овозможуваат удобно користење и лесен транспорт, а малата тежина ја прави идеална за чувствителни подови каде што е важно да нема преголем притисок. Дополнително, машината нуди исклучително висок притисок на четката, што резултира со одлични резултати при чистење – дури и на многу валкани површини.
Се препорачува на сите што бараат сигурна и ефикасна електрична машина за секојдневно професионално одржување на хигиената.
Автоматот служи за истовремено рибање и сушење на подлогата. Го управува еден работник и е наменета за помали простории, области. Машината нема кабел за напојување со струја, ја придвижува 12V напон од гел батерија со вграден полнач, приклучен кабел и приклулок за напојување на гел батерии. Многу погоден во простории каде има големо движење на луѓе и машини.Темелно ја чисти подлогата до самиот раб ( ќоше). Големите тркала овозможуваат одлично маневрирање и лесен транспорт, дури и по скали. Кормилото на автоматот може да се прилагодува во четири висини. Компактниот дизајн и малата висина овозможуваат чистење и под мебел, опрема и други слични пречки. Материјалот од кој е изграден лесно се чисти и одржува затоа е применлив и во погоните за производство на храна. Чистата и нечистата вода можат да се испуштаат во секој момент. Лесно се склопува во најмала димензија за лесен транспорт со мали возила и чување во мали простории (и кормилото на автоматот се спушта).
Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци без потрошен материјал. Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.
| Димензии (WxDxH) | 1130х525х1055mm |
|---|---|
| Работ. површина на четката | 550mm |
| Ширина на сушење | 735mm |
| Круг на вртење | 1200mm |
| Капацитет на чистење (теоретски) | 2200м²/h |
| Тежина на празен | 66kg |
| Работна тежина | 106kg |
| Притисок на подлогата | 230 V |
| Сила моторот | 1600W |
| Кабел за напојување-должина | 25м |
| Ниво на бучава | 66 dB(A) |
| Сад за чиста вода | 40 l |
| Сад за нечиста вода | 45 l |
| Под притисок-вакуум | 204 mbar |
| Макс. проток на воздух | 45 l/s |
| Број на четки | 1 број |
| Обрт на четката | 150 o/min |
| Притисок на четката | 37 кг.-0,20 N/cm² |
| Бренд | Columbus |
