Машина со еден диск Е 400 Ѕ

125.000 ден со ддв

Моделот E 400|S е проверен и мултифункционален класик, погоден за длабинско чистење, брусење, прскање, шампонирање и полирање. Оваа машина со ниска брзина гарантира тивка работа и оптимални резултати.

Опис

Ова универзална машина извршува рибање на тврди и меки подни површини. Својата ефикасност ја искажува со својата едноставна употреба. Тежината е околу 40 кг. што овозможува да секогаш риба без додатно притискање од работникот. Погодна е за површини каде има инвентар, линии за производство, машини, рафтови, маси, и сл. Бидејќи рачката е флексибилна ( се спушта ) и машината влегува и во понедостапните површини . Нејзиниот радиус на работа е голем и се изразува со голема продуктивност и економичност. Со додатоци на машината може да се врши полирање на подните површини. Опремена е со четка за рибање или со погонска чинија со филц ( зависно од нарачката ), Казанче за чиста вода со детергент кој се шприца со рачка со вентил директно на четката или филцот(на површината што се риба). Може да се употреби за рибање на плочки, други тврди подови како и рибање на теписи и теписони.

 

** Најчесто се комбинира со хидросмукалка SW 53 S исто така од програмата на Columbus. Таа може да риба напред , додека со хидросмукалката се собира нечистата вода по неа, оставајќи целосно сув под.

Технички Карактеристики
Напон230V
Моќност на мотор1200W
Работна ширина400 mm
Работна висина285мм
Обрт на четката140о/min
Кабел за напојување-должина12м
Тежина40kg
Димензии (WxDxH)415x550x1200 mm
Резервоар за детергент15л
Директен погон на вртење без каиши и преносида
БрендColumbus