KRANZLE-quadro 1000 TSТ е машина за перење со ладна вода под висок притисок која е трофазна, на 4 тркала(quadro) со котур за црево. Оваа машина е најсилна и најиздржлива во оваа категорија на машини.
Наменет е за перење на секаков вид на површини, подлоги, опрема , машини, возила, производни погони, и се друго што треба да се чисти со вода и висок притисок.
Со додатна опрема „црево за перење на цевки“ ефикасно врши перење на цевководи и канализација.
Со„поден перач “ како додаток може да се перат сите подови без никакво прскање на вода на страна и на тој начин се заштитуват електрични инсталации, мотори кои се ниско монтирани.
Мобилна е, и не е зависна од еден извор на напојување со вода.
Економична е, издржлива и едноставна за ракување. Има можност за проток на топла вода до 60 степени целзиусови од додатен извор на затоплување (соларна енергија, котлара или бојлер).
Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци, без потрошен материјал и делови.
Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.
Работен притисок | 30-220бари |
---|---|
Макс. дозв. надпритисок | 250 бари |
Довод на вода | 16 л/мин. |
Довод на топла вода | макс.60°С |
Резервоар за вода | 16лит. |
Висина на смукање | 2,5м |
Големина на дизната | 055 |
Дизна за плоснат млаз | 2505 |
Обрти на мотор | 1400 о/мин. |
Приклучок на струја | 400V, 12 А,50 Hz |
Влезна сила | P1:7,5kW |
Излезна сила | P2:5,5kW |
Тежина | 89 кг |
Димензии (WxDxH) | 770 x 579 x 990 |
Тотал стоп | да |
Сигурносно исклучување | да |
Котур за цревото | да |
Црево за висок притисок.(NP6) | 20м |
Пиштол со сигур. исклуч | да |
Копје со турбодизна | да |
Копје за дизна со плоснат млаз | да |