SW 53 S

Опис

Професионална машина за суво и мокро смукање (правосмукалка и хидросмукалка) со три мотора(3х1100W). Дава оптимални резултати доколку се работи за средни и големи површини кои се средно или екстремно извалкани : погони, работилници, хали, хотели и др. Сувото смукање се врши во хартиена вреќа за едно полнење, заштитата од микропрашината е зголемена со уште еден платнен филтер кој не се менува туку по потреба се пере. Со ХЕПА филтер се заштитуваат моторите од навлегување на многу фина прашина, од леплива прашина со што се зголемува ефикасноста и експлоатацијата на машината. Има можност да се работи со различна должина на црево за смукање (2,5-7м) и можност за поединечно или групно вклучување на секој од трите мотори (3 х 1100W). Резервоарот е изработен од хромиран челик и може да исчисти големи количини на нечистотија (сува или мокра), темелно и брзо, благодарејќи на големиот капацитет на резервоарот (76л). Празнењето на резервоарот е исто така брзо и едноставно со помош на кипање на резервоарот или преку црево за испуштање. Висок работен учинок и максимално искористување.

Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци без потрошен материјал. Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.

Дополнителни информации

Моќност

3300 W

Број на мотори

3 броја

Напон

230 V

Протокот на воздух max

162 л/с

Макс. вакуум

210м/бар

Дијаметар на цевки

3,5 см

Дијаметар на црево

5 см

Капацитет на садот

76 л

Цевки за смукање

2,5м

Кабел за напојување-должина

12м

Платнен филтер

да

ХЕПА филтер

опционално

Тежина, празна

26 kg

Димензии во cm

61 х 60 х 98,5

Brand

Columbus

Columbus се машини за чистење, рибање и сушење на секакви видови тврди подови. Columbus машините се произведуваат во Германија. Машините гарантираат квалитет и долготрајност во работата.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “SW 53 S”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 3 =