KRANZLE quadro 11/140 TSТ е машина за перење под висок притисок со ладна вода, која е монофазна на 4 тркала(quadro), со котур за црево.
Наменета е за перење на секаков вид на површини, подлоги, опрема , машини, возила, производни погони, и се друго што треба да се чисти со вода и висок притисок.
Со додатна опрема: „ црево за перење на цевки “ ефикасно врши перење на цевководи и канализација.
Со „поден перач “ како додаток може да се перат сите подови без никакво прскање на вода на страна и на тој начин се заштитуват електрични инсталации, мотори, електроника, кои се ниско монтирани .
Мобилна е и не е зависна од еден извор на напојување со вода. Економична е, издржлива и едноставна за ракување.
Има можност за проток на топла вода до 60 степени целзиусови од додатен извор на затоплување (соларна енергија, котлара или бојлер).
Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци, без потрошен материјал и делови.
Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.
Работен притисок | 30-140бари |
---|---|
Макс. дозв. надпритисок | 155 бари |
Потрош. на вода | 11 л/мин |
Довод на топла вода | макс.60°С |
Резервоар за вода | 7лит. |
Висина на смукање | 2,5м |
Големина на дизната | 045 |
Дизна за плоснат млаз | 20045 |
Обрти на мотор | 1400 о/мин. |
Приклучок на струја | 230V, 14А, 50 Hz |
Влезна сила | P1 : 3,3kW |
Излезна сила | P2 : 2,4кw |
Тежина | 46 кг |
Димензии (WxDxH) | 590 x 360 x 850 |
Тотал стоп | да |
Котур за цревото | да |
Црево за висок притисок.(NP6) | 15м |
Пиштол со сигур. исклуч | да |
Копје со турбодизна | да |
Копје за дизна со плоснат млаз | да |