KRANZLE К 2175 TST е машина за перење со ладна вода под висок притисок која е трофазна и може да оди со и без котур за црево.
Наменета е за перење на секаков вид на површини, подлоги, опрема, машини,возила, производни погони, и се друго што треба да се чисти со вода и висок притисок.
Со додатна опрема -„црево за перење на цевки“ ефикасно врши перење на цевководи и канализација;
Со „поден перач “ како додаток, може да се перат сите подови без никакво прскање на вода на страна и на тој начин се заштитуват електрични инсталации, мотори, електроника, кои се ниско монтирани;
Мобилна е и не е зависна од еден извор на напојување со вода;
Економична е, издржлива и едноставна за ракување;
Можност за проток на топла вода до 60 степени целзиусови од додатен извор на затоплување (соларна енергија, котлара или бојлер);
Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци без потрошен материјал и делови;
Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.
Работен притисок | 30-160 бари |
---|---|
Дозволен макс.притисок | 175 бари |
Потрош. на вода | 12 л/мин. |
Довод на топла вода | макс.60°С |
Висина на смукање | 2,5м |
Турбо дизна | 042 |
Големина на дизната | 25042 |
Приклучок на струја | 400V, 6,7 А,50 Hz |
Влезна сила | P1:3,3 KV |
Копје со турбодизна | да |
Пиштол со сигур. исклуч | да |
Излезна сила | P2:2,6 кW |
Димензии (WxDxH) | 375 х 360 х 900 |
Тежина | 37 кг |
Обрти на мотор | 1400 о/мин. |
Тотал стоп | да |
Црево за висок притисок.(NP6) | 10m |
Копје за дизна со плоснат млаз | да |