Brand
Kranzle
Одлики
Глава на пумпа направена од специјален месинг
Главата на пумпите на машините на KRANZLE кои се произведуваат во Германија, се направени од специјано искован месинг со што се обезбедува подолг животен век на машините.
Спороодни мотори
Уредите, со исклучок на моделите : 1151, 10/120 се опремени со спороодни, тихи и долготрајни, 4-полни електромотори (1400 о/мин).
Клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој
Сите уреди поседуваат клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој. Добрите карактеристики на клиповите од нерѓосувачки челик (добра топлинска проводливост) се спојуваат со позитивните карактеристики на слојот од керамика (површина која е отпортна на оштетувања). Со тоа се овозможува зголемување на векот на траење на уредите.
Сигурност при работа на пумпата на суво
Сите уреди се опремени со платнена манжетна и клип со тефлонско-графитни предни прстени( челни). Одличните карактеристики на лизгање на тефлон-графитот го намалуваат триењето и а со тоа и температурата на уредот. На тој начин машината може да работи подолго време без вода а да не се оштети.
Бајпас режим на работа
Сите уреди при затворање на пиштолот преминуваат на бајпас режим на работа со намален притисок. Водата со остатокот на притисок од 10 бара се пумпа во кружниот ток. Кај уредите со додатна ознака ТС ( Тотал-Стоп ) во тој случај автоматски им се исклучува моторот. Пумпата и погонот се ослободуваат со што се продолжува векот на траење на самата машина, а со тоа штедите и електрична енергија.
Континуирано регулирање на притисокот и количината
Кај сите уреди освен кај дуплиот агрегат постои можност за точно подесување на работниот притисок и со тоа и количината на вода врз основа на типот на предметот или подлогата што се чисти.
Маномер од нерѓосувачки челик
Сите уреди се опремени со големи, прегледни и пригушени со глицерин маномери од нерѓосувачки челик. Kranzle гарантира квалитет на секој детал.
Заштитено од корозија и загарантирана долготрајност
Пречки во извршувањето на функциите поради корозија не е возможно. Сите делови на пумпите низ кои поминува вода се изработени од нерѓосувачки челик и специјален месинг.
Систем на враќање во случај на претечување
Водена перница помеѓу системот за затворање и клипот спречува вшмукнатиот воздух да дојде до затворачот на пумпата. Векот на траење на клипот и пумпата на тој начин се продолжува.
Roto Mall шасија
Машината К 11 52 TS T, како и машините од серија К 2000, профи и кватро имаат Roto Mall шасија.Оваа шасија се одликува со своите многу цврсти и отпорни рамки кои обезбедуваат максимална стабилност на чистач на висок притисок. Моторот и пумпата се добро заштитени од надворешни влијанија. Овие Kranzle шасии се практично неуништливи.
Турбо дизна за отстранување на најзакоравени нечистотии
Турбо дизната оди во комплет со секоја машина која работи на ладна вода.Таа се одликува со голема моќ на чистење на најзакоравена нечистотија со ладна вода и без употреба на додатни детергенти. Со големиот притисок од 150-220 бари создава млаз кој има ротација како бургија за бушење. Затоа користењето на машини со ладна вода и турбо дизната овозможуваат економично и исплатливо чистење.
Заштитено од корозија и загарантирана долготрајност
Пречки во извршувањето на функциите поради корозија не е возможно. Сите делови на пумпите низ кои поминува вода се изработени од нерѓосувачки челик и специјален месинг.

Критики
Нема критики сеуште.