Чистач со пареа XSTEAM

415.500 ден со ддв

XSTEAM е индустриска машина за чистење со пареа. Покрај тројната функција на пареа, вакуум и хидро-млазно чистење, е додадена уште една основна иновација: машината може да се користи истовремено од два оператори благодарение на двојниот приклучок, еден за парно црево и еден за парно и вакуум црево. Истовремената работа е можно и со две црева само за пареа.

Ова го оптимизира времето потребно за темелно и ефикасно чистење. Дополнително заштедување на време обезбедува директната врска со водоводната мрежа, што овозможува работа во целосен мир без грижа за полнење на резервоарот за вода. Идеално за средни претпријатија како пекари, месари и професионални слаткари кои бараат висок стандард на чистење.

Опис

Inox XSTEAM e индустриска машина за чистење со пареа, која може да се користи во индустриски погони најчесто во производствени погони, каде што се произведува храна, лекови и се она што има потреба од темелно чистење и уништување на бактериите. Нејзината моќност од 10 800 вати и притисок од 10 бари е комбинација која резултира со квалитетно чистење на површините, со многу жешка пареа,а притоа штедејќи голема количина на вода. Машината оди заедно со хидросмукалка која автоматски ја собира нечистотијата која се собира во текот на чистењето. Исто така има 2 отвори за чистење со пареа за паралелно чистење со 2 дизни, кое заштедува време. За поефикасно чистење има опција за додавање на детергент, а исто така има и дигитален дисплеј којшто овозможува следење на притисокот, количината на вода и други опции поврзани со неа.

Технички Карактеристики
БојаCива/челик
Производство на пареаKонтинуиран проток со автоматски систем за полнење
Температура на пареата во котелот180 °C
Време потребно за загревање4 min
Притисок10 bar
Потрошувачка на енергија во котелот9000 W
Волумен на котелот4 l
Пареа 1 отвор324 g/min
Пареа 2 отвор220 g/min
Материјал на котелотНерѓосувачки челик AISI 304
Вшмукувачка моќ на хидросмукалка32 kPa
Вкупна потрошувачка на енергија10 800 W
Моќност на надворешна хидросмукалка1800 W
Напон380V AC / 50Hz
Капацитет на резервоарот за антибигор1 l
Капацитет на резервоар за отпад21 l
Аларм за нивото на водатаВизуелни и звучни
Индикатор за притисокВизуелна
Капацитет на резервоар за детергент5 l
Ниво на аларм за резервоарот за детергент/топла водаВизуелни и звучни
Детергент / Топла вода / Антибигор моќност на пумпа48W 220-240V AC/50Hz
Вбризгување на топла вода + пареа556 g/min
Детергент + пареа368 g/min
Подножје за надворешна хидросмукалкаШуко 230V 16A
Активирање на детергент/топла водаНа предниот панел со индикација на дисплејот и копче на пиштолот
Енергија на пумпата за вода110W 220-240V AC / 50Hz
Ниска тензија на напон на рачката9V DC
Кабел за напојување-должина7 m + приклучок од 380V 32A
Капацитет на резервоар за топла/ладна вода8 l
Тежина на хидросмукалка7.5 kg
Нето тежина ( само машина )60 kg
Димензии (WxDxH)760x623x650 mm
Димензии на хидросмукалка320x450x630 mm
СертификатCE
БрендSteam