Машина за чистење подови Blancus SC 4500 B (800-1600m2/h)

175.820 ден со ддв

Blancus SC 4500 B е машина за чистење подови со вградени гел батерии, дизајниран за исклучителна практичност и перформанси. Со компактен дизајн, оваа машина е лесна за ракување и идеална за работа во сите видови простори. Со притисок на четката од околу 25 kg, обезбедува темелно чистење. Оптимален капацитет на резервоарот за чиста и нечиста вода. Го препорачуваме за чистење површини од 800м2 до 1600м2 на час. Star SC 4500 B е симбол на ефикасност и квалитет, совршен избор за сите видови тврди подови.

Опис

Темелно чистење

Со притисок на четката од приближно 25 kg, Blancus SC 4500 B овозможува длабинско и ефикасно чистење на сите типови подови. Работната ширина од 450 mm обезбедува брзо покривање на површините, додека капацитетот на чистење од 1600 m²/h ја прави машината идеална за динамични и ефикасни операции.

Автономија и ефикасност

Благодарение на автономијата од 2 до 3 часа, машината може да обработи големи површини без прекини за полнење. Со максимална брзина до 4 km/h, овозможува прецизно управување и квалитетно чистење. Способноста да совлада нагиб до 3% овозможува пристап и до накосени подни површини.

Сигурност и квалитет

Blancus SC 4500 B претставува спој на сигурност и врвен квалитет. Опремена е со моќен мотор за усисување од 700 W (24V) и мотор за четка од 550 W (24V), што гарантира стабилни перформанси дури и во најзахтевните услови. Машината тежи 45 kg и работи со две батерии, секоја со тежина од 25 kg.

Идеална за различни простори

Со соодветен капацитет на резервоари за чиста и валкана вода, SC 4500 B е одличен избор за простори од 800 m² до 1600 m² на час. Без разлика дали се работи за помали или поголеми површини, оваа машина овозможува извонредни резултати со минимален напор за операторот.

Технички Карактеристики
Ширина на чистење (четка)450 mm
Капацитет на чистење (теоретски)1600 m² / h
Автономија на работа2-3 h
Резервоар за чиста вода40l
Резервоар за нечиста вода35 l
Брзина на движење0-4 km/h
Максимален нагиб3 %
Притисок на четката25 kg
Јачина на моторот за смукање700 W 24V
Сила на мотор на четката550 W 24V
Напон24V
Батерии2 x 12V 80Ah
Ширина на дизна за смукање760 mm
Нето тежина ( само машина )45 kg
БрендBlancus