Мисија

Да ја зголемиме свеста кај луѓето за потребата од професионалност за одржување на хигиената во фирмите.

Визија

Да станеме лидер број 1 во Р.Македонија во областа на професионална опрема за одржување на хигиената.

Фирмата, „ ВАСЛИН “ е формирана во почетокот на 2000-та година како трговско и услужно претпријатие, со основна дејност дистрибуција на машини, опрема, хемикалии за одржување на хигиената.
vaslin-izlog

Денес е ДТПУ „ ВАСЛИН “ дооел, Босилово – со основна дејност продажба на професионални машини, опрема, алат и хемикалии-детергенти за чистење и одржување на хигиена, во сите дејности и на сите можни површини како на пример во:  индустрија, хотели, училишта, детски градинки, болници, канцеларии,трговски центри, плоштади, улици, дворови.

Доколку сте заинтересирани за соработка, доаѓаме на лице место, го разгледуваме објектот, разговараме за проблемите што ги имате и кое се поврзани со хигиената и заеднички со Вас го утврдуваме најсоодветното решение.

Наш императив е решавањето на Вашите проблеми околу хигиената,
а Вашето задоволство и стекнатата доверба во нас, е наша награда.

ДТПУ „ ВАСЛИН “ дооел, Босилово е овластен диструбутер за продажба
на територијата на Република Македонија за следните брендови :

  • KRANZLE – Герамнија, машини за перење со вода под висок притисок;
  • COLUMBUS – Герамнија, машини за чистење на сите видови подови;
  • STEAM ITALY SRL – Италија, машини за чистење со пареа;
  • EUREKA  – Италија, машини за чистење на тврди подови;
  • PIXY  – Италија, мултифункционални машини за повеќе дејности;
  • DELFIN – Италија, професионални индустриски правосмукалки со специјална намена;