Оваа додатна опрема се однесува за сите видови на машини за перење под висок притисок.

1. Црево за перење и пробивање на канализација

Цревото за канализација е наменето за перење и  пробивање нa цевки максимално до ф200. Се закачува на пиштолот од машината KRANZLE и се пушта во сифонот или цевката. Под дејство на притисокот на водата влегува низ цевката и ја пробива затнатата канализација и во исто време ја пере нејзината внатрешност.

Технички карактеристики:

  • Должина = 15м, навој за прикачување на пиштолот.
  • Округла млазница ( дизна ), притисок до 200 бари.

2. Поден перач

Подниот перач е додаток со кој се овозможува перење на подови под притисок од 150 бари без ризик од прскање на водата странично надвор од чистачот. На овој начин се овозможува заштита на сите ниско монтирани електрични уреди, инсталации и се друго што е осетливо на вода.

Технички карактеристики:

  • Составен е од чинија со Дијаметар  = ф300 мм  изработена од племенит челик;
  • Со три тркала за полесно движење и четкици за заштита од прскање на водата;
  • Перењето го вршат две дизни монтирани на осовина која ротира под дејство на водата и притисокот;
  • Максимална потрошувачка на вода е 19 л/мин;
  • Со максимален притисок од 150 бари;
  • Температура на водата макс до 60 ° С.

3. Распрскувач на пена

Ињектор за нанесување на пена од пенливи детергенти, кој е компатабилен со сите модели на Kranzle. Составен е од шише за полнење на концентрат и ињектор со дизна за дозирање на детергентот. Се монтира на пиштолот за перење. Се прска на врз површина и притоа создава густа пена која се задржува и на вертикална површина.