Kranzle се професионални, индустриски машини за перење под висок притисок со ладна или топла вода, произведени во Германија.
Наменети се за перење на секаков вид на површини, подлоги, опрема , машини, возила, производни погони, и се друго што треба да се чисти со вода и висок притисок.
Клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој
Сите уреди поседуваат клипови од нерѓосувачки челик со керамички слој. Добрите карактеристики на клиповите од нерѓосувачки челик (добра топлинска проводливост) се спојуваат со позитивните карактеристики на слојот од керамика (површина која е отпортна на оштетувања). Со тоа се овозможува зголемување на векот на траење на уредите.
Сигурност при работа на пумпата на суво
Сите уреди се опремени со платнена манжетна и клип со тефлонско-графитни предни прстени( челни). Одличните карактеристики на лизгање на тефлон-графитот го намалуваат триењето и а со тоа и температурата на уредот. На тој начин машината може да работи подолго време без вода а да не се оштети.
Бајпас режим на работа
Сите уреди при затворање на пиштолот преминуваат на бајпас режим на работа со намален притисок. Водата со остатокот на притисок од 10 бара се пумпа во кружниот ток. Кај уредите со додатна ознака ТС ( Тотал-Стоп ) во тој случај автоматски им се исклучува моторот. Пумпата и погонот се ослободуваат со што се продолжува векот на траење на самата машина, а со тоа штедите и електрична енергија.
Roto Mall шасија
Машината К 11 52 TS T, како и машините од серија К 2000, профи и кватро имаат Roto Mall шасија.Оваа шасија се одликува со своите многу цврсти и отпорни рамки кои обезбедуваат максимална стабилност на чистач на висок притисок. Моторот и пумпата се добро заштитени од надворешни влијанија. Овие Kranzle шасии се практично неуништливи.
Турбо дизна за отстранување на најзакоравени нечистотии
Турбо дизната оди во комплет со секоја машина која работи на ладна вода.Таа се одликува со голема моќ на чистење на најзакоравена нечистотија со ладна вода и без употреба на додатни детергенти. Со големиот притисок од 150-220 бари создава млаз кој има ротација како бургија за бушење. Затоа користењето на машини со ладна вода и турбо дизната овозможуваат економично и исплатливо чистење.