avant

Avant се мултифункционални машини за повеќе наменска употреба по потекло од Финска. Мултифункционалноста ја овозможуваат многубројните приклучоци што ја прават оваа машина употреблива за сите периоди во годината и во секое време од денот, без разлика на временските услови. Во исто време, нејзината мултифункционалност допринесува на корисникот постојан прилив на заработка што ја прави инвестицијата многу исплатлива која постојано, многукратно и брзо ги враќа вложените пари и допринесува за постојан профит. Мултифункционалноста се овозможува преку најразлични приклучоци меѓу кои се: лопата за утовар, за ископ, спирала со дупки, кршач за бетон, виљушкар, фаќач на бали, порамнувач на земја, метла, чистач на снег, косилка, сечалка за дрва итн. Затоа се користи во најралични дејности. Комунални дејности, градежни работи, земјоделски работи, фарми, стопански дворови, шумски стопанства и др.