Професионална машина за суво и мокро смукање (правосмукалка и хидросмукалка)
со три мотора(3х1100W). Дава оптимални резултати доколку се работи за средни и големи површини кои се средно или екстремно извалкани : погони, работилници, хали, хотели и др.
Сувото смукање се врши во хартиена вреќа за едно полнење, заштитата од микропрашината е зголемена со уште еден платнен филтер кој не се менува туку по потреба се пере. Со ХЕПА филтер се заштитуваат моторите од навлегување на многу фина прашина, од леплива прашина со што се  зголемува ефикасноста и експлоатацијата на машината.  Има можност да се работи со различна должина на црево за смукање (2,5-7м) и можност за поединечно или групно вклучување на секој од трите мотори (3 х 1100W). Снабдена е со соодветни дизни (папучи) за суво и мокро смукање.
Резервоарот е изработен од  хромиран челик и може да исчисти големи количини  на нечистотија (сува или мокра), темелно и брзо, благодарејќи на големиот капацитет на резервоарот (76л). Празнењето на резервоарот е исто така брзо и едноставно со  помош на кипање на резервоарот или преку црево за испуштање. При влажното смукање пловак ги штити моторите од влага и од преполнување на резервоарот. Безбедно позиционирање и оптимално маневрирање овозможуваат две големи и две помали тркала на шасијата.
Висок работен учинок и максимално искористување.

Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци без потрошен материјал. Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :
Сила3300 W
Број на мотори3 броја
Напојување230 V
Макс.проток на воздух162 л/с
Макс.вакуум210м/бар
Капацитет на садот 76 л
Црево за смукање2,5м
Долж. на кабел12м
Платнен филтерда
ХЕПА филтеропционално
Тежина7,8 kg
Тежина, празна26 kg
-Димензии(см)61 х 60 х 98,5
or

За повеќе информации за машината слободно можете да се обратите со пишување порака подолу.