Професионална машина за суво и мокро смукање ( правосмукалка и хидросмукалка) со два мотора (2х1100W). Дава оптимални резултати доколку се работи за површини со средна големина : погони, работилници, хали, хотели… Сувото смукање се врши во хартиена вреќа за едно полнење, заштитата од микропрашината е зголемена со уште еден платнен филтер, кој не се менува туку по потреба се пере. Со ХЕПА филтер се заштитуваат моторите од навлегување на многу фина прашина, од леплива прашина со што се  зголемува ефикасноста и експлоатацијата на машината. Има можност да се работи со различна должина на црево за смукање (2,5-5м) и можност за поединечно или групно вклучување на секој од двата мотори (2 х 1100W). Снабдена е со соодветни дизни ( папучи ) за суво и мокро смукање. Резервоарот е изработен од квалитетна пластика и може да исчисти големи количини на нечистотија (сува или мокра), темелно и брзо, благодарејќи на големиот капацитет на резервоарот (72л). Празнењето на резервоарот е исто така брзо и едноставно со  помош на кипање на резервоарот или преку црево за испуштање. При влажното смукање пловак ги штити моторите од влага и од преполнување на резервоарот.
Безбедно позиционирање и оптимално маневрирање овозможуваат две големе и две помали тркала на шасијата. Висок  работен учинок и максимално искористување.

Гаранција 12 месеци на фабрички дефекти и недостатоци без потрошен материјал. Обезбеден сервис и оригинални резервни делови.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :
Моќ2200 W
Број на мотори2 броја
Напојување230 V
Проток на воздух-макс108 л/с
Вакуум – макс210mbar
Капацитет на резервоарот72 л.
Материјалпластика
Црево за смукање2,5м
Долж. на кабел12м
Платнен филтерда
Хартиена вреќа за отпадда
ХЕПА филтеропционално
Тежина-празна25kg
Димензии(см)61х60х98,5

За повеќе информации за машината слободно можете да се обратите со пишување порака подолу.